Верстапен: Не размислувам на пораз, мислам на победа.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, зборуваше за стратешката битка на Големата награда на Катар, каде победи и ја намали разликата во шампионатот на Формула 1 со Ландо Норис на 12 поени.

Во трката од 57 круга, тимовите беа обврзани да не го користат секој сет гуми подолго од 25 круга. Во 7. круг, по несреќата на Нико Хилкенберг влезе безбедносното возило, што принуди речиси сите возачи да го изведат првото застанување во боксот, освен двајцата возачи на Мекларен.

„Кога ми јавија да влезам во боксот, се сетив дека беше 7. круг. Помислив: Одлично, сега можеме да одиме до крајот. Бев изненаден што Мекларените не застанаа. Кога се вратив на патеката, знаев дека имам добра можност за победа. Не размислувам за губење, туку за победа. Знаев дека веројатно сè направивме како што треба,“ изјави Верстапен.

Холанѓанецот на крајот беше побрз од Оскар Пјастри од Мекларен за речиси осум секунди, додека третото место го освои Карлос Сајнц од Вилијамс.

Фото: ЕПА