Вереницата на српскиот тенисер го покажа бременото стомаче

Го прослави својот 28-ми роденден и го покажа својот пораснат стомак.
Јелена Ристиќ го прослави 28-миот роденден, а на социјалните мрежи сподели фотографија на која носи жолт фустан на кој се истакнува се поголемиот стомак.

Во описот на фотографијата Јелена напишала дека имала прекрасен роденден кој совршено завршил со вечера со нејзиниот вереник Новак Ѓоковиќ. Новак истата фотографија ја споделил на Инстаграм.

Screenshot_5

„Среќен роденден најубава жена на светот. Те сакам со целото мое срце“, напишал тој. Некои српски медиуми пишуваат дека Новак и Јелена ќе добијата син, но за сега тоа се само шпекулации.

Успешниот 27-годишен српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја одложи свадбата со Јелена Ристиќ која требаше да се одржи минатиот викенд во Црна Гора. Двојката само го премести датумит на свадбата и истата ќе се одржи првиот викенд по Вимболдон турнирот.

- Реклама -