Само што сте помислиле дека (конечно) го преболела Бред Пит и го пронајде човекот со кој ќе се смири, Џенифер Анистон повторно остана сама.
Како што јавуваат светските медиуми, нејзиниот вереник Џастин Тери одлучил да ја остави пред самата свадба во Мексико.
Наводно, сè било подготвено за церемонијата, венчаница и костим, но тогаш се појавила тајна од минатото на Џастин, поради која ѕвездата од „Пријатели“ се налутила.
Избила голема расправија, по кое тој одлучил да ја откаже венчавката. Двојката за сега не се изјавиле за овие тврдења, па останува да видиме колку се тие вистинити.