Венко Филипче, кандидат за министер за здравство

Денеска портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски потврди дека Венко Филипче е новиот кандидат за министер за здравство.

Портпаролот на Владата додаде дека се чекаат останатите коалициски партнери на владеачката гарнитура да ги достават нивните предлози за останатите испразнети места во владиниот состав.

Во однос на распределбата на ресорите меѓу партнерите во владината коалиција, портпаролот посочи одговор да се бара од партиите.

„Алијансата за Албанците, исто така е „во игра“ за новиот состав на владата“, додаде Бошњаковски.

- Реклама -