Цирих, 12 октомври 2021 (МИА) – Офсајдот ќе се сигнализира на автоматизиран начин во 2022 година за време на натпреварите на Светското фудбалско првенство во Катар, најави денеска Арсен Венгер, директорот за развој на светскиот фудбал во ФИФА.
Венгер не ги откри модалитетите на ваквиот технолошки напредок.
„Постојат добри шанси офсајдот да биде автоматизиран во 2022 година. Јас сум должен да ја чувам тајната, но тоа ќе биде следен голем напредок во фудбалското судење“, изјави во Париз поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември идната година.