Велосипедите на уличните продавачи во Виетнам

LoesHeerinkHanoi[1]

Доброто фотографско око има моќ да го претвори секојдневното во извонредна визуелна слика. Во својата фото-серија од улични продавачи и пазарџии во Ханој, Виетнам, Лоес Херинк (Loes Heerink) го прави баш тоа.

Секое утро во 4 часот, продавачите – често жени мигрантки – ги товарат своите велосипеди „до врв“ со свежи цвеќиња и плодови и пешачат километри и километри до своите тезги.

Херинк живеела во Виетнам неколку години. Фасцинирана од уличните продавачи, таа сакала да ја овековечи нивната убавина на уникатен начин. Стационирајќи се на неколку различни мостови низ Ханој, Херинк трпеливо чекала, некогаш и по 5 часа, да помине некој продавач, кој несвесен за нејзиното присуство ќе се најде „уловен“ во симетрична и живописна фотографија.

„Проектов ми ја разгоре фасцинацијата за жените што ги носат своите продукти. Тие немаат појма колку се убави нивните велосипеди, и немаат појма дека создаваат мали парчиња уметност секој можен ден“.

LoesHeerinkHanoi2 LoesHeerinkHanoi3 LoesHeerinkHanoi4 LoesHeerinkHanoi5 LoesHeerinkHanoi9 LoesHeerinkHanoi10 LoesHeerinkHanoi12

- Реклама -