Велосипед што е невозможно да се украде?

Тројца не баш успешни чилеански студенти го измислија првиот светски велосипед што е невозможно да се украде. Yerka, како што е наречен велосипедот, можете слободно да го врзете за бандера и безгрижно да го оставите таму, благодарение на сосема новиот концепт на заклучување.

Погодувате како дошле до идејата? Имено, на еден од тројцата иноватори му го украле велосипедот, и тоа вториот, што го купил откако му го украле првиот. Па така, тројцата Чилеанци покренаа кампања за собирање на 100.000 долари, пари кои откако ги обезбедија ги инвестираа во прототипот и производството. Кампањата беше пласирана на Indiegoo, а до сега се продадени 197 велосипеди.

Yerka-1[1]

Првите примероци чинеа по 400 долари, а сега цената е 500$. Ако продолжи побарувачката и Yerka добие на популарност, се очекува цената да достигне 800 долари, а со оглед на тоа што тимот има големи планови, за една година имаат шанси да станат и милионери.

Yerka е специфичен по тоа што рамот се расклопува и се заклучува во специјално дизајниран „катанец“, претходно вграден во велосипедот.

- Реклама -