Велосипед контролиран со мислите (видео)

велосипедНаучници го претставиле првиот велосипед во светот на кој можете да менувате брзини само со вашиот ум. Велосипедот Toyota Prius Project Parlee PXP има менувач контролиран со мисли кои реагира на сигнали од мозокот и експертите веруваат дека секој би можел да ја научи техниката за негово користење.

Специјалистите за човечки-дигитален интерфејс Deeplocal го направиле уникатниот шлем кој ги пренесува мозочните бранови преку безжична технологија до микро-контролер. „Невронскиот шлем“ користи електроди за набљудување на невро-електричната активност и ги испраќа сигналите до електронски менувач поставен под седиштето на велосипедот. Патрик Милер, креативен инженер во Deeplocal изјавил: „Системот е направен со едноставен комерцијално достапен читач на мозочни бранови и софтвер кој ги чита сигналите.“

„На возачот ќе м у треба малку тренинг, но сега сме во фаза во која луѓето успешно менуваат брзини со нивните мозоци додека возат. Постои специјален софтвер за тренирање на луѓето – додека сте во неутрална состојба, ако помислете ,смени нагоре’ шлемот ги чита тие шаблони. Значи со тек на време сигналите испратени до микро-контролерот кога корисникот ќе помисли ,смени нагоре’ или ,смени надолу’ ќе станат препознатливи. Во моментот ова е само експеримент, но кога ќе добиете контрола можете да правите многу работи како менување брзини во возење врз основа на брзината и далечината.“

{youtube}lWzdWMapJ-c{/youtube}

Поголем дел од велоспедот – создаден во соработка со Toyota, Saatchi & Saatchi и Parlee Cycles – е направен од јаглеродни влакна обликувани за аеродинамика и во него се сместени сите делови. Каблите на велосипедот се спроведени внатречно а кочниците се вградени во вилушките, додека возачот носи мал нетбук, кој го контролира читачот на мозочни бранови, на грбот. Господин Милер додал: „Би можел да биде масовно произведуван но во моментов е само прототип. Како велосипедист јас сум навикнат на користење на моите раце а ова е многу различно.“

„Немав долгорочен план за велосипедот – само сакав да направам нешто интересно. Сакавме да одговориме на прашањето ,Што ако?’ – како би можеле да го направиме ова. Саквме да видиме што можеме да направиме со наука и со сегашната технологија. Употребивме комерцијалн достапни делови и создадовме нешто.“ [Toyota Prius Project Parlee: Bike with gears you can change by using your mind]

- Реклама -