Велосипед без ланец

tocak1ppЗа многу од нас ланецот, менувачот и ѕвездите на велосипедот се спомени
од детството на кои со радост се сеќаваме. Без разлика дали тие биле
статус во маало (петобрзинец, десетобрзинец) или пак причина за
повреди (изгубена кожа, модрици, црно од ланец) тoa е првата слика што
ќе ви дојде кога говориме за велосипед. Но, сето тоа наскоро ќе се смени.


tocak1

За многу од нас ланецот, менувачот и ѕвездите на велосипедот се спомени
од детството на кои со радост се сеќаваме. Без разлика дали тие биле
статус во маало(петобрзинец, десетобрзинец) или пак причина за
повреди(изгубена кожа, модрици, црно од ланец) тoa е првата слика што
ќе ви дојде кога говориме за велосипед. Но, сето тоа наскоро ќе се смени.



Повеќе од 100 милиони велосипеди се продаваат секоја година и тие
содржат крајно ефикасен, но опасен ланец кој е причината за повеќето
незгоди кај велосипедистите. Затоа, ни се допаѓа идејата за велосипед
без ланец.


Dynacraft
го претстави Dekra-D – велосипедот со интерен погон кој не
бара некое посебно одржување, има поголема сигурност и е почиста
варијанта од конвенционалните велосипеди, заменувајќи ги деловите кои
предизвикуваат несреќи и бараат најмногу одржување – ланецот и
менувачот.
 
tocak2
tocak3
tocak4
 
- Реклама -