Вељко Ражнатовиќ, син на пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца објавил денес дека се оженил со својата девојка Маша Терзиќ.
Наследникот на пејачката преку Фејсбук ги известил прилателите дека со ќерката на Ѕвездан Терзиќ застанал на лудиот камен.
Кога се побарало од Цеца да го коментира ова, таа само на кратко одговорила:
– Не сакам ништо да коментирам. Што и да кажам би било премногу субјективно- рекла Цеца.
Да потсетиме, Вељко и Маша, како што тој има изјавено, се вериле на почеток на годината. Тогаш синот на Цеца објавил слики на Фејсбук со девојкта со веренички прстен.