Вељко Ражнатовиќ, синот на популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, отпатува со пријателите на море, а неговата небрежност на плажа доведе до непријатна случка.
Всушност, додека се забавувале во пливањето, одлучил да оди во близина на пристаништето каде се лизнал и ја повредил главата. Посекотината не била голема, но имало доста крв.
Вељко потоа веднаш се вратил на плажа, каде брзо му ја исчистиле раната. За среќа, нема големи проблеми. Цеца беше загрижена за ова, но кога виде дека не е ништо опасно, се смирила, пренесува „Scandal“.