Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

Велика Британија одби да ги коментира извештаите дека Украина користела крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ против цели на руска територија.

Портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер рече дека неговата канцеларија нема да коментира извештаи или оперативни информации. Засега Украина исто така не ги коментираше медиумските извештаи.

Претходно „Блумберг“ објави дека Украина за прв пат истрелала британски крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ на руска територија, повикувајќи се на анонимен западен функционер.

Британското издание „Телеграф“ објави дека жителите на селото Марино во руската област Курск пронашле фрагменти од проектил „Сторм Шедоу“.

Велика Британија претходно соопшти дека Украина може да користи крстаречки ракети на украинска територија. Владата во Киев веќе неколку месеци се обидува да добие дозвола од САД да изврши удари врз воени цели на територијата на Русија.

Прочитајте и:  Шведска и Финска ги повикуваат граѓаните да бидат подготвени за можноста за војна
- Реклама -