Велика Британија ќе испрати повеќе од 10.000 дронови во Украина

Велика Британија ќе и испорача „повеќе од 10.000 дронови“ на Украина во 2024 година, вклучувајќи и дронови за напади, изјави денеска британскиот министер за одбрана Грант Шапс за време на посетата на Киев.

Лондон ќе издвои дополнителни 125 милиони фунти (146 милиони евра) за купување „најмодерни“ беспилотни летала, со што неговата помош ќе достигне 325 милиони фунти (380 милиони евра).

Британските власти ја сметаат оваа опрема за многу ефикасна во борбата на украинските сили против руската инвазија.

„Ја продолжуваме нашата посветеност да ја вооружиме Украина со нови најсовремени беспилотни летала, кои доаѓаат директно од британските одбранбени производители, светски лидери“ во секторот, рече Шапс, охрабрувајќи ги сојузниците на Киев да го сторат истото.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Меѓу нив се и дроновите „First Person View“. Тој кој управува со таков дрон има кацига за виртуелна реалност, која му овозможува во живо да гледа слики од теренот како да е внатре во леталото.

- Реклама -