Велика Британија испраќа ракети со долг дострел во Украина

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска соопшти дека Велика Британија испраќа крстосувачки ракети со долг дострел во Украина за да помогне во борбата против руските сили.

Валас пред пратениците во Долниот дом рече дека Велика Британија ги подарува ракетите Storm Shadow со дострел од повеќе од 500 километри. Тој не кажа колку ќе бидат испратени, ниту дали веќе пристигнале во Украина.

Британскиот премиер Риши Сунак во февруари вети дека Велика Британија ќе биде првата што ќе ѝ обезбеди на Украина оружје со подолг дострел што го побара од нејзините западни сојузници.

Ракетите ќе ѝ овозможат на Украина да гаѓа цели далеку зад линијата на фронтот, вклучувајќи го и Крим, кој е под руска окупација. Британските медиуми јавија дека Украина се обврзала да не користи ракети за напад врз Русија.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Валас рече дека ракетите ќе бидат искористени за потиснување на руските сили на „украинската суверена територија“. Тој додаде дека британската поддршка за Украина е „одговорна, одмерена, координирана и агилна“.

МИА

- Реклама -