Во изминатата година, во Европа биле продадени 754.000 произведени возила во Велика Британија, додека 1,7 милиони склопени во погоните на Стариот континент беа пласирани на Островот.
Според податоците на JATO, иако европските автомобили се доминантни во статистиката, продажбата на составени во погоните во Велика Британија и реализирани во Европа возила, евидентира висок раст во 2015 година. Вкупно 43% од нив биле претставници на SUV сегментот, што претставува зголемување од 13% во однос на 2014 година. Во земјата се произведува и најпродаваниот во Европа кросовер – Nissan Qashqai. На Островот се произведуваат модели на некои од легендарните автомобилски брендови во светот, вклучувајќи Aston Martin, Bentley, Rolls-Royce, Jaguar и Land Rover, како Toyota, Honda и Nissan.
Во минатата година, реализацијата на нови автомобили во Велика Британија е еквивалентна на околу 18% од онаа во Европа, а локалниот бизнис ужива одлична побарувачка, како во најдобритена 2008 и 2009 година. Минатата година, на пазарот биле регистрирани рекордни 2.63 милиони единици. Надвор од границите на Европа, англиските автомобили се мошне барани во Северна Америка, каде е забележан раст во продажбата од 29%, или 154.000 единици.
По отстапувањето на Британија од ЕУ експертите најавуваат драстично намалување на пласманот на возила од Кралството на континентот и со оглед на многу непознати на полето на економијата на релација држава-унија никој не сака да прави било каков есап, само се наведува дека нема ни одблизу да биде како лани.