Велигден во празни храмови

Велигден во празни храмови
Христос Воскресе !

Навистина Воскресе!

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение. Годинава велигденските богослужби се без присуство на верниците во храмовите поради актуелната пандемија на Ковид 19 и воведениот 85 часовен полициски час.

Вака изгледаше утрово Соборниот храм без верниците, во присуство на свештените лица. Главните крстосници празни без вообичаената врева. Граѓаните ги почитуваа мерките, па полициските службеници можеа да здивнат, барем во овие неколку часа. Само еден гулаб со своето движење низ храмот му пркосеше на полицискиот час привлекувајќи ги погледите на присутните. Во Велигденското послание Архиепископт Охридски и Македонски г.г Стефан и членовите на Светиот Архиеријски Синод повикаа на придржување кон советите и мерките кои ги изрекоа надлежните институции и сите заедно да придонесат за да се надмине и спречи ширењето на заразата.

На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби и им препорачуваме да се молат во своите срца за Бог да не избави од оваа опасна болест. Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените. Да се молиме за заболените да оздрават, како и за спасение на душите кои ја изгубија битката со болеста.
Сепак свештените лица му останаа доследни на литургиското искуство и покрај препораките на здравствените работници. Причествување со Еден Путир.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Велигден согласно препораките за заштита од Корона вирусот годинава граѓаните го дочекаа во своите домови.

- Реклама -