Величествена куќа во која се крие многу неочекуван ентериер

Кога ќе си помислите на куќа за 4.2 милиони долари во една од најскапите американски населби, веројатно си замислувате совршено уреден простор исполнет со уникатен ентериер.

Сепак, некои претпочитаат да ја користат внатрешноста на куќата како платно за експерименти. На овој начин го објаснуваме она што се случило во оваа импресивна и импозантна куќа.

Во моментов таа е ставена за продажба, а се наоѓа во Бронксвил, Њујорк. Вкупната површина на куќата е околу 560 квадратни метри. Досега во неа живееле двајца уметници и дефинитивно не оставиле ниту едно катче без нивни авторски печат.

Моник Раферти, менаџер на компанијата за продажба на имот, споделува:

„Едниот од сопствениците прави карикатури и колекционира историски вредни бронзени животински скулптури, а другиот создава шарени природни инсталации, скулптури и слики”.

Тоа е доволен џокер, за да стекнете првична слика, за она што би можело да ве очекува во внатрешноста од овој дом.

Веруваме дека некој љубител на уметноста би сакал да живее во едно вакво креатнивно катче.

2(1106) 3(1053) 4(973) 5(865) 6(726) 7(642) 8(532) 9(484)

 

- Реклама -