Стрип центарот на Македонија од Велес ги изложи најдобрите дела од наградниот стрип конкурс во рамките на нивниот проект „All we are saying is give inclusion a chance“. Втората изложба во рамките на овој грант беше организирана вчера во Општинското основно училиште „Васил Главинов“ во Велес.
Покрај изложбата, Стрип центарот додели и дипломи и сертификати за учество на учениците, нивните ментори, како и училиштата од Велес: ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Блаже Конески “ и ООУ„Свети Кирил и Методиј“ .Традиционално, беше промовиран и каталогот каде што се објавени стриповите, со претставување на самите автори, нивните училишта и ментори.
На наградниот конрус учествуваа 263 млади автори од различни етнички и географски средини од целата држава. Воено, учесниците од овој конкурс учествуваа и на неколкудневна стрип работилница во Нежилово, каде што ги усовршија и доработија своите стрип дела.
Изложбата е втора од пет планирани во рамките на грантот, кој е дел од вториот отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.