По синиќешното интервју на пратеничката од редовите на независните кои се одвоија, односно беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајловска, во кое таа кажа дека била уценета во 2014 година, да прифати можно гласање за промена на името, доколку биде пратеничка, денес имаше реакции од опозициската партија.
Прво се издаде соопштение од пратеничката група во кое се демантираа ваквите наводи од Исмајловска, а потоа на својот профил на социјалните мрежи се огласи и Трајко Вељаноски, пратеник и поранешен претседател на Парламентот:
,,Од сите кандидати за пратеници на ВМРО секогаш било барано да прифатат два принципи. Првиот, да ја почитуваат изборната програма врз основа на која гласачите им ја дале довербата и честа да бидат народни пратеници. И второ, да ја почитуваат вољата на народот изразена на законски организиран референдум.
Секој пратеник за себе, но и гласачите, најдобро знаат кој ја оправдал довербата на народот, а кој ја продал вољата на гласачите за три сребреници.”