Веќе и за да бидеш Дедо Мраз ти треба факултет

Santa

Да, во Вирџинија има училиште за Дедо Мраз. Всушност, постојат неколку. Нивниот главен аргумент е дека секој може да облече црвен костум и да стави бела брада, но не секој може да донесе радост за децата во целиот свет со вистинската магија на Дедо Мраз. Нивниот спореден аргумент – исплатливоста на бизнисот.

За да им помогне на Дедо-мразовците да се здобијат со потребните квалитети, САД отворија повеќе училишта за обука. Најстарото училиште за Дедо Мраз се наоѓа во Мичиген и е опишано од еден од учениците како “Харвард” за Дедо Мраз. Тоа е отворено уште во 1937 година со 4-5 студенти, а сега училиштето подготвува по 130 дедо-мразовци годишно.

“Секоја година имаме листа на чекање на најмалку 40-50 лица. Имаме луѓе кои не успеаја да се запишат во 2015 година и чекаат да ги започнат студиите догодина”, вели Холи Валенте, асистент на деканот на “Божиќниот Харвард”.

“Професионалниот Дедо Мраз е корисен како за бизнисот, така и за луѓето. Еден добар “Санта” ги сака деца, знае како да разговара со нив и како да ги сослушува. Тоа привлекува повеќе клиенти за продавниците кои сакаат да имаат автентичeн професионален Дедо Мраз. Тој треба да биде образован, да ја знае историјата на Северниот Пол, да раскажува за џуџиња. Обуката трае 45 часа”.

Зад економијата на белобрадиот старец, стои сериозен бизнис, кој се зголемува од година во година. Секој студент плаќа по 400 долари за предавањата, а во цената се вклучени некои од додатоците за костимот на Дедо Мраз. Но, цената не вклучува сè што ви треба. Во просек, визијата на Дедо Мраз чини помеѓу 500 и 1500 долари, со тоа што понекогаш целиот изглед достигнува вредност од 2000 долари. Само брадата, периката и мустаќите чинат околу 1.500 долари, бидејќи се изработуваат од вистинскa коса.

“Економијата на Дедо Мраз е изолирана од падови во економијата како целина, бидејќи носи среќа и надеж”, вели Тери Гринберг, претседател на Halco – продавач на секакви костими.

Тони Бианчи, директор на слична продавница во Њујорк, изјави дека 10 отсто од бизнисот му е врзан со продажбата на костуми за Дедо Мраз.

И додека сите ние знаеме дека Дедо Мраз од Северниот Пол работи и се радува на чаша топло млеко со колачиња, тогаш неговите помошници добиваат солидни плати.

Во мол еден помошник на Дедо Мраз добива по 30 долари на час. Компанијата Noerr Programs ќе испрати 282 дедо-мразовци оваа година, што е огромен раст во споредба со 185 во 2010 година. Компанијата потпиша договор со Дедо Мраз за три години, а целта е старецот да стане препознатив за една локација и да не трпи промена барем три години. Оваа година компанијата вработила 4.000 белобради старци, фотографи и помошници, кои ќе работат на речиси 300 места од трговските центри до одделни трговци и хотели.

Во сликата на омилениот старец на децата влегуваат луѓе од секакви професии – адвокати, лекари, менаџери на фирми кои веруваат во новогодишна магија и сакаат да ги изарадуваат луѓето по празниците, или пак чисто направиле математика за исплатливоста на бизнисот.

- Реклама -