Веќе не се само маж и жена – На Facebook можете да изберете што сте од 50 различни пола

Facebook веќе не нуди два, туку цели 50 полови,  кои корисниците ќе можат да ги изберат при своето самоопределување.

Facebook, кој има 1,23 милијарди корисници во светот, ќе ја задржи опцијата за криење на информациите во врска со полот на корисникот.

Иновативноста е создадена со помош на трансексуалците – корисници на социјалната мрежа. Постојат дури опции како „интерсексуален” и „транссексуалец”.

Први од промените ќе можат да  искористат околу 159 милиони корисници во САД. Иновативноста има за цел да понуди широк спектар на опции со кои луѓето можат да се опишат себе. Луѓето можат да се опишат како „андрогени”, „андрогинот”, „интерсексуален”, “од маж во жена”, „жена претворена во маж“” или „под прашање”.

„За многу луѓе промените нема да бидат од значење, но за малкумина тоа е од суштинска важност”, вели софтверскиот инженер на Facebook , Брил Харисон, која ќе се подложи на операција за промена на полот и ќе стане жена.

Само во САД има околу 700 000 луѓе кои се дефинираат како „транссексуалци”. Овој термин ги опфаќа луѓето кои живеат како луѓе со пол, различен од оној со кој се родиле.

- Реклама -