Ведрана Рудан „без кочници“ за Нотр Дам: Ј*бе ми се што во Париз се срушила кула!

Хрватската писателка и прочуена колумнистка Ведрана Рудан, која за некои e контpoвеpзна, за други провокативна и неопходна (бидејќи ги разобличува лицемерието и манипулациите и гаѓа во суштината), а за трети само провокативна, „без кочници“ влета со свој коментар и околу пожарот што ја зафати драгоцената катедрала Нотр Дам во Париз. Подобро речено, Рудан има проблем со тоа како во европската јавност се третира настанот. Рудан пишува вака:

„Во Париз во пламен исчезна кулата Нотр Дам. Гореше Нотр Дам, целиот свет го гледаше високиот пламен, секој кој во светот денес нешто значи пушти солза. Дури и Трамп.

Се обложувам дека никогаш не чул за Катедралата. Што е Нотр Дам? Тоа е феноменална готска, тоа беше феноменална готска катедрала. Скапоцен камен во круната што ја краси главата на Западот.

Цивилизираните луѓе се вон себе. Една новинарка изјави: Ми се чинеше како покрај мене да паднала бомба. Како таа знае какво е чувството кога покрај тебе ќе падне бомба?

Нека отпатува во Либија, Авганистан, Ирак, Палестина, Сирија, таму луѓето знаат како е тоа кога покрај тебе ќе падне бомба. Сите тие бомби кои паѓаат ширум Топкава ги фрла Западот…

Целиот коментар прочитајте го на официјалната Фејсбук страна на колумнистката.

 

- Реклама -