Вечерва (3 октомври), во 20:00 часот, во Културно Информативен Центар (КИЦ), ќе се одржи изложба на Снежана Шумковска Жане.
Изложбата е насловена „Womanhood“ и сведочи за безграничната креативност и универзалност на уметникот. Тоа се постигнува преку колекцијата на портрети кои ја прославуваат женственоста во целата нејзина разновидност, обединувајќи го мноштвото на техники и стилови кои служат да ја изразат комплексната природа на жената. Од смелост и решителност до нежност и интроспективност, портретите живо ги отсликуваaт многубројните аспекти на живењето на жените во современиот свет.