Новинарите и другите вработени од 1 ТВ заминуваат на колективен, принуден одмор, а вечерва ќе се емитува последното издание на Дневникот на телевизијата, пишува Независен.
Колективниот одмор официјално почнува од денеска, но вработените дошле за последното издание на вестите.
Засега, неизвесно е дали понатаму ќе има други информативни изданија. Вработените што останаа во телевизијата остануваат во работен однос, но после 15 август ќе се знае дали ќе ја земат јулската плата.
Сметката на телевизијата е блокирана, а на медиумот кој се претставуваше како брзорастечки, му се заканува згаснување откако неговиот неформален сопственик Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 беше уапсен и осомничен за случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.