Навикнавме секоја недела и понеделник, да ги следиме емисиите во живо на X Фактор, но со оглед на тоа што финалето на шоуто е најавено за 21-ви месецов, процесот мораше да се забрза.
Така натпреварувачите вчера ги изненадија со „топло-ладна“ ситуација. Најпрво им рекоа дека никој не го напушта шоуто, но затоа денеска дури четворица натпреварувачи ( од двете групи – недела и понеделник) ќе си заминат дома.
Имено, ќе испаднат двајца со најмал број на гласови и двајца кои ќе бидат најслаби во песните за спас.
Ваквата одлука предизвика негодувања кај публиката на шоуто, иако се знаеше порано или подоцна, ќе остане само еден.