Вечерва ќе се случува еден интересен настан на теренот на Светското првенство во ракомет, кога во две спротивставени екипи ќе се соочат татко и неговиот син.
Се работи за напреварот меѓу домаќинот Катар и актуелниот првак Шпанија.
Имено, Шпанецот Валеро Ривера Лопез е селектор на Катар, а неговиот син Валеро Ривера Фолх игра зад знамето на Шпанија.
„Ова ќе биде најтешкиот меч во мојата историја“, вели селекторот на Катар.