Вечерва горат 15 пожари низ Македонија, а пет се ставени под контрола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска, четврток, до 19:00 часот има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои во моментов 15 се активни, пет се под контрола и 11 се изгаснати.

Фото: ЦУК

Активните пожари на отворен простор се во:

  1. Општина Македонски Брод: с. Тажево – с. Брезница – Јасен
  2. Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, кај с. Брежани
  3. Општина Студеничани: с. Драчевица – с. Црвена Вода
  4. Општина Кичево: с. Челопеци
  5. Општина Кичево: с. Зајас – с. Бачишта
  6. Општина Дебар: над с. Горно Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци
  7. Општина Охрид: Галичица
  8. Општина Македонска Каменица: с. Дулица
  9. Општина Бутел – во близина на трафостаница на МЕПСО
  10. Општина Студеничани: м.в. Дрешница – с. Батинци
  11. Општина Сарај: с. Ласкарци, стариот пат Скопје – Тетово
  12. Општина Гази Баба: депонија Вардариште
  13. Општина Тетово: Тетово
  14. Општина Старо Нагоричане: кај с. Никуљане на две различни локации
  15. Општина Липково: с. Отља.

Под контрола се ставени пожарите на отворено во:

  1. Општина Петровец: с. Градманци – Дивље
  2. Општина Чашка: с. Папрадиште – с. Ореше
  3. Општина Макдонски Брод: с. Слатина
  4. Општина Пласница: с. Пласница (изгаснат) – с. Латово (чади)
  5. Општина Делчево: Депонија Делчево

Изгаснати се 11 пожари на отворено во:

  1. Општина Кочани: м.в. Панаѓур, кај одморалиштата на Пониква
  2. Општина Гевгелија: с. Негорци
  3. Општина Гостивар: с. Горна Бањица
  4. Општина Гостивар: кај поранешната касарна во Гостивар
  5. Општина Крива Паланка: с. Конопница
  6. Општина Македонски Брод: с. Слатина
  7. Општина Крушево: градска депонија
  8. Општина Теарце: с. Доброште
  9. Општина Тетово: Тетово
  10. Општина Арачиново: с. Орланци
  11. Општина Кисела Вода: бул. „Борис Трајковски“

- Реклама -