Она што е Оскарот за филмаџиите, Met Gala е за љубителите на модата. Погледнете кој заблеска минатата ноќ во Њујорк.
Престижното модно списание Vogue и оваа година ја одржа спектакуларната модна вечер во МЕТ музејот во Њујорк. Met Gala е социјален настан кој не сакате да го пропуштите, а сите најголеми светски ѕвезди одговориле на поканата која не се одбива.
И додека минатата година тема беше панкот, оваа година костимизираната модна забава била во знакот на старомодниот гламур (vintage glamur) во чест на дизајнерот кој се смета за првиот американски дизајнер на висока мода- Charles James Beyond fashion.
Уредничката на американскиот Vogue Ана Винтур беше домаќин на вечерата, а во тоа ѝ помогнале и познатите актери- модната икона Сара Џесика Паркер и згодниот актер Бредли Купер. Самата влезница за престижниот настан чини 25 илјади долари (што е 10 илјади долари повеќе од минатата година) и парите одат во добротворни цели.
Беа присутни многу познати парови… Ким Кардашиан и Канје Вест се појавија по гласините за брак. Додека реалити ѕвездата минатата година беше бремена за време на овој настан, овој пат блескаше во темно син фустан.
Познатиот и моќен музички пар Бијонсе и Џеј Зи беа модно усогласени во црно бела комбинација. Queen B носела црн точкаст фустан со потпис на Givanchy.
Присутни беа и Викторија и Дејвид Бекам, младата оскаровка Лупита Нианго, манекенката Каролина Куркова, парот кој не се појавува често во јавноста заедно Блејк Лајвли и Рајан Рејнолд, потоа актерскиот пар Џони Деп и Амбер Херд, Шон Пол и Шарлиз Терон, пејачката Рита Ора, Ријана… погледнете ја целата галерија!