На 28 март, модниот бренд Елена Лука организираше Салонот на кинеската култура — уникатен настан кој се реализираше во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија. Овој настан донесе интересна комбинација на мода, традиција и современ стил.
Салонот се одржа во интимна и елегантна атмосфера, со присуство на околу 50 избрани гости — вистински љубители на високата мода и културното наследство. Публиката беа потонати во инспирација, естетика и меѓукултурен дијалог, создавајќи неповторлива прилика за непосредно запознавање со кинеската модна сцена.
За време на настанот, беа претставени четворица врвни кинески дизајнери, вклучувајќи и дизајнерка на накит, чии уникатни креации ја пренесуваат богатата кинеска традиција во современ моден јазик. Секој детал беше внимателно осмислен, создавајќи автентична атмосфера која ги спои двете култури.
Покрај множеството ВИП гости од јавниот, бизнис и политички живот, настанот го одбележаа и домаќинката Елена Лука и амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен. Нивното присуство дополнително ја нагласи важноста на културната размена и соработката помеѓу Македонија и Кина.
На модниот подиум беа презентирани и креации од високата мода на Елена Лука, кои ја отсликуваат препознатливата елеганција и современост на брендот, потврдувајќи ја неговата силна позиција како на домашната, така и на меѓународната сцена.
Салонот на кинеската култура не беше само модна презентација, туку и обединета средба на две богати традиции — македонската и кинеската, каде минатото и сегашноста се споија во автентично естетско искуство.
Со вакви настани, Елена Лука повторно докажува дека не само што ја обликува македонската модна сцена, туку и активно ја поврзува со светските тенденции, создавајќи мостови на културна соработка и инспирација.




