Вечер на луксуз и бургундска елеганција
Професионалниот сомелиер Јадранка Клариќ Кимовска маестрално ги водеше присутните низ винската дегустација, откривајќи ги слоевите, ароматските нијанси и рафинираните карактери на секое вино.
Особен престиж на вечерта ѝ даде присуството на Томас Линиер, менаџер за извоз во Louis Latour, чие светско искуство и длабоко познавање на Burgundy ја претворија дегустацијата во автентично патување низ историјата, филозофијата и значењето на брендот.
Совршено избалансираните кулинарски креации на шеф Џовани го подигнаа искуството на уште повисоко ниво. Секое јадење беше внимателно осмислено за да го истакне карактерот на вината.
Настанот, организиран од Алчемист, беше ексклузивен собир за љубителите на фините вина, исполнет со елеганција, топлина и незаборавни моменти.
По успешната вечер, Томас продолжи со активности во Скопје, давајќи уште поголема тежина на неговата посета. Прво, тој го посети Wineberry, каде се сретна со францускиот амбасадор Кристоф де Риголер, во пријатна атмосфера исполнета со разговори за француската винска култура и локалниот пазар.
Потем, одржа винска обука за вината на Louis Latour во Сушико, каде професионалците и љубителите на виното имаа можност да научат подлабоки детали за стилот, филозофијата и препознатливиот печат на овој легендарен бургундски бренд.




