Веапоска ги повика жените од ВМРО-ДПМНЕ да не протестираат во нејзино име: Не сакам мојот случај да се партизира, најмногу ќе ми помогнете ако ја споделувате петицијата

Јилдиз Веапоска – пациентката која при породувањето кај д-р Мухамед Асани остана без матка, јајник и бубрег, ја повика Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да го откаже протестот што го најавија за во сабота пред Министерството за здравство.

Како што пишува Веапоска во обраќањето, таа не сака нејзиниот случај да биде партиски обоен.

„Јас не сум единствена жртва на д-р Мухамед Асани. Јас барам од сите луѓе, рака за рака, да ја бараме правдината, без оглед од која партија се“, вели родилката.

До сите добронамерни што сакаат да помогнат, таа порачува дека најдобриот начин да го сторат тоа е да ја поддржат во потрагата по правда и да ја споделат (и потпишат) онлајн петицијата (ЛИНК) со која се бара одговорност од Асани. „Тоа најмногу ќе ми помогне“, вели Веапоска.

- Реклама -