Ве инспирираат ли овие девојки?

„Кога последен пат го отворивте компјутерот и видовте слика на девојка, чии што форми потсетуваат вашите сопствени?” – прашува активистката и блогерка Џес Бејкер. Многу малку жени  изгледаат како моделите од  списанијата, чии што лица и тела поминале сериозна обработка на фотошоп. Затоа Џес се зафаќа со проектот, The Expose Project, заедно со фотографка Лиор Кеј. Целта им е да достават слики до 95% од населението на земјата. Пред една недела двете дами, заедно со уште 94 жени со секакви облини, димензии и на различна возраст, решиле да се зафатат со снимање на  фотосесија.

 

„ Тие се соблекоа, бидејќи сакаат да ги споделат облините  од сите агли, сакаа да ги споделат насмевките и намуртените  лица, својата решителност и својата мекост, силата и стравот … Тие сакаа да го споделат тоа со сите вас, со светот и со сите кои што се прашуваат дали само нивното тело изгледа вака “- напиша Џес на својот блог.

„Тие не поканија да ги разгледаме нивните стрии, белези, стомаци и нивните асиметрични зрна, сè што не прави нас и нив  убави, целосни и неверојатни “- дополнува блогерката. Лиор додава дека нејзината амбиција во овој проект е да ги натера жените да сфатат дека нивните тела заслужуваат да бидат видени дека работите кои ги сметаат за свои недостатоци се едноставно такви и во тоа нема ниту правилно, ниту погрешно.

expose

expose

expose

 

- Реклама -