Вчера 10 сообраќајки во Скопје

Во шест од 10 сообраќајки во Скопје, регистрирани од страна на СВР, повредени се шест лица, а во четири е причинета материјална штета.

42 возачи се движеле со преголема брзина, двајца алкохолизирани, шестмина престигнувале непрописно, двајца поминале на црвено, а 16 немале возачка или возеле нерегистрирано возило.

Казнети се и 16 пешаци кои поминале на црвено светло или вон пешачки премин.

72 возила биле непрописно паркирани, а 74 отстранети со „пајак“.

- Реклама -