Важноста на сливите за човековото здравје

Сливата кај нас ја има во изобилие. Различни видови, со различни бои, големини, вкусови. Која и да ја одберете нема да згрешите бидејќи сливата се наоѓа на листата на најздрави овошја, но и најбогати со антоксиданси.

Сливите се одгледуваат повеќе од 2.000 години и уште во стар Рим биле познати повеќе од 300 сорти. Сливата најпрво била забележана и употребана на територијата околу Каспиското Езеро.

Од сливите може да се приготви речиси сè. Може да се направи мармалад, слатки, да се јадат зашеќерени, во торти и колачи и уште на стотина начини. Сепак, сливата е најдобро да ја јадете свежа. Се наоѓаме во период на зреење на сливата. Не испуштајте да уживате во нејзиниот вкус.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Во 100 грама слива просечно има 87 % вода и 11 % јаглехидрати, а останатото се растителни влакна. Од витамини тие најчесто имаат Ц, Е, бета-каротин и фолна киселина. Корисна е за превенција од многу заболувања, срцеви проблеми, маснотии во крв, а се смета дека има и антиканцерогени ефекти. Од минералите најмногу поседува калиум, калциум и магнезиум.

Сорбитролот (шеќерен алкохол) е важна состојка која ја содржат сливите. Се изолира и користи кај дијабетичари кои мораат да го контролираат внесот на шеќер. Тие се одлична замена за појадок бидејќи се полни со енергија и корисни хранливи материи.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -