Супер компјутерот на IBM Ватсон ги победи луѓето (видео)

Ватсон ги победи луѓетоВо тридневната епизода од американскиот квиз Jeopardy, супер компјутерот на IBM Ватсон ги победи и понижи двајцата човечки противници. Иако не е семоќен, тој во последен миг од третата епизода, со одмерен облог, успеа да излезе како апсолутен победник.

{youtube}l2_fM6e9AiA{/youtube}

Натпреварувачот кој најмногу му се доближи во борбата за милион долари (кои отидоа во добротворни цели) беше Кен Џенинг. Сосема соодветно, при последниот одговор, тој додаде: „Барем јас им посакувам добредојде на нашите нови компјутерски господари“. Веројатно ова е почетокот на крајот, за кој нѐ предупредуваа сите научно-фантастични филмови, а најдобар показател за тоа е фактот што публиката постојано навиваше за Ватсон.

{youtube}DHGu0-p-3QQ{/youtube}

- Реклама -