Вашингтон нареди евакуација на дел од персоналот на амбасадата во Ирак

САД денеска наредија евакуација на дел од персоналот од нивната амбасада во Багдад, главниот град на Ирак, и нивниот конзулат во Ербил, соопшти американскиот Стејт департмент.

Наредбата, од петокот, но објавена денеска во соопштение, беше издадена „поради зголемена безбедносна закана за персоналот и интересите на САД“.

Во соопштението, исто така, се повикани американските граѓани да не патуваат во Ирак.

МИА

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -