ВАШЕТО ЛИЦЕ НЕ ЗВУЧИ ПОЗНАТО

marija-kilibarda11Народецов наш пак ќе се нацрта пред ТВ приемниците пошто се најавува некое ново неповторливо шоу! У недостаток на наша македонска продукција и на шоу емисии од домашно производство, големи Македонци ќе изиграваме у емисии у соседството. За нас е скапо да купиме некои емисии и да направиме забава со наши естрадни фацки. Скапо е и снимањето филмови. Скапо е и праењето музика. А зашто да праиме музика коа државата создава имбецили кои наместо од инспирација и љубов, музика ќе праат ради субвенции? Зошто да се праи музика коа иаме 150 политички емисии по телевизииве? Глумците ни станаа градоначалници или некои турски ликови у синхронизирани серијали, пеачите партиски маскоти а спортистите партиски портпароли. Гледачите и ѕвездите предвидуваат дека оваа година можеби, Даниел Кајмакоски ќе има обид конечно да сними песна. Каролина си фати дечко а Калиопи ја пративме на Еуросонг. Ќе пее за своето куче. Толку од инспирацијата на нашиве великани….Да смениме канал или да угасиме се?

А чув дека Даниел Кајмакоски ќе бидел гостин во ТВОЕТО ЛИЦЕ ЗВУЧИ ПОЗНАТО. Он на пример може да се одглуми себе си коа беше Идол и коа со Жељко се курчеа дека ќе станел идна балканска ѕвезда. Жељко напраи концерт со неговиов пулен, ни продае добра фора да накрцме 50 000 души за Кајмакот а да ни везе Жељко, али нема везе. Детево наше е толку скромно шо не сака ниту песна една да сними од скромност. Оваа година се појави на фестивалот на Златно славејче. Ни дечињата не знаеше коректно да ги удостои. Се појави таму ко од кладилница да излегол. Бушав у косата со издрпани тренерки и рацете у џеп. Нешто налик на ѕвездите, ви текнува? Хехехе….него не му текнува, тоа е проблемот.

На кое ли лице само ќе личи нашата матур теткица Калиопа на нареднава Еуровизија у Шведска? Манифестација на која дефилираат манијаци, травестити, хомоси и ред други циркузанти. Само ние сме заглавени у филмот да бидеме крајно озбилни коа е оваа посрано натпреварување у прашање. Секогаш со големи очекување е напалена нашава публика иако нашиве ѕвезди ни наликуваат на уплашени дебитанти иако позади себе имаат некој си минат труд.

Ако мене некој ме праша, добро би било и Калиопи да се проба за градоначалник у Центар. Кајмакоски нема фаца да е на браникот на татковината али добар е за да стои позади некоја дебела и пренајадена фаца у политикава. Тогаш и неговото лице ќе делува познато. Додека иде пресот, народов ќе вика:Еј, ене го Даниел. Сигурен сум таму ќе го гледаат повеќе отколкку на нашава бина. Еве години минаа, него на бина го нема никаде. Златно славејче, Поточиња и они ТВ емисии у комшилукот му се максимата на нашиов голем идол.

Она типчено од Велес, Мики Секуловски имал објавено албум и песните не му се лоши. Али кој да го чуе Микита. Он нема снимено дует со Жељкота за магистралата Скопје-Белград. А таа магистрала ни еба матер. Од статисти подалеку не ќе да напреднеме. Јавите ми преко Тасета, кога ќе се смени нешто, али не верувам…Нашите дечки снимаат една песна годишно, и таа е пола српска. Идоли се на нашиве деца да го ебам, ќе си пукам у нога, мајке ми….

НАПИША: Булеварко

- Реклама -