Со цел да се зацврстат на самиот врв на светскиот пазари, а по рецепт на успехот на Renault со романската Dacia, Volkswagen воведува бренд за производство на евтини, но квалитетни возила. Иако, името на марката не е службено објавено, извори блиски на VW велат дека тоа ќе биде Wartburg.
Производството на возило под ова име нема да тргне од Ајзенах (некогашна ДДР), туку во Индија, пред сѐ за потребите на тамошниот пазар, кинескиот, рускиот и дел од европскиот. Почетокот на испораките би бил на крајот од 2015 година.
Името не се споменува, но дека веќе темелно се размислува за ова потврди и првиот човек на компанијата Мартин Винтеркорн, кој смета дека едноставно се созреани условите за еден ваков потег на гигантот од Волфсбург, согласно светските трендови.
Прва на пазарот ќе се појави компактна лимузина по цена од само 6.000 евра, а потоа се очекува и караванска изведба врз истата за 7.000 и MPV за 8.000 евра.
Продажните цени на одделни пазари со ДДВ би достигнале максимум до 10.000 евра за максимално опремени автомобили, што секако ќе биде силна конкуренција на моделите од Daciа. Освен евтината работна сила, во погоните каде се планира да се произведуваат овие модели, кога е во прашање пониската цена, голем удел ќе има фактот што многу од деловите ќе се користат од фабриките кои се добавувачите на делови за VW од овие делови на светот ( на пример во Индија, Bosch има фабрика за производство на ABS, системи за вбризгување, воздушни перници…).
Вреди да се напомене и тоа што ќе се користат платформите со меѓуоскино растојание од 258 cm (Golf) и 270 cm (Passat), со сите елементи, бидејќи Концернот ја напушта оваа идеологија со воведувањето на модуларната платформа MQB.
Објавено во соработка со Авто Плус.