Додека ЕХФ за најдобар играч (МВП) на финалниот турнир во Келн го прогласи Иван Карачиќ, за фановите на ракометот тоа е Бразилецот Рожерио Мораеш Фереира.
Мораеш одигра два одлични натпревари, а особено блесна во финалето против Веспрем, каде имаше 100%-на реализација и постигна 6 гола од 6 обиди.
Пивотот на Вардар по освојувањето на титулата беше избран и во најдобрата седумка на турнирот, а сега доби и најмногу гласови од фановите меѓу сите номинирани ракометари преку апликацијата на ЕХФ Лигата на шампионите.
ЕХФ го соопшти новото признание за Мораеш (а со тоа и за РК Вардар) на Твитер, нарекувајќи го „чyдoвиштe на линијата“ и „напаѓачка електрана на Вардар“.
The monster on the line, the attacking powerplant of @HCVardar, the Brazilian pivot…
Rogerio Moraes is our best player of the VELUX EHF FINAL4 thanks to your votes! 💥🖐️#ehffinal4 #veluxehfcl #hellocologne pic.twitter.com/nRRORSi7D8— EHF Champions League (@ehfcl) June 7, 2019
Мораеш не присуствуваше на прославата на ракометарите на Вардар во Скопје, но емотивно се поздрави со македонските навивачи преку Инстаграм, порачувајќи дека е неизмерно благодарен и никогаш нема да го заборави она што Вардар и вардаровите навивачи го направиле за него.
Од следната сезона Мораеш ќе игра токму во Веспрем – клубот кому последен му нанесе бoлeн пораз.
View this post on Instagram
@rkvardar 🔴⚫️🔴⚫️ Thank you so much for all, I will never forget it . See you soon . 😁 💪🏽