Вардар лесен плен и за Веспрем

Без повредените Криштопанс, Дисингер и Кугис, ракометарите на Вардар не успеаја да сторат ништо повеќе против Веспрем освен пораз од 38:29 во последниот настап во Лигата на шампионите годинава.

Петтиот неуспех во десеттиот натпревар во ЛШ сезонава го остави европскиот првак на 9 бода за шесто место во групата Б, последно што води во осминафиналето. Пред него се Кил со 16, Веспрем со 14, Кјељце со 12, Монпелје со 11 и Порто со 10, а зад „црвено-црните“ по 4 бода имаат Мотор Запорожје и Мешков Брест.

Атман со седум гола беше најефикасен кај македонскиот шампион, за кој Чупиќ и Калараш постигнаа по 4, а 19-годишниот голман Гогов дебитира во елитното натпреварување со 4 одбрани.

Во продолжението на ЛШ на 5 февруари вардарци ќе гостуваат во Кил.

- Реклама -