Статус на Билјана Ванковска:
Кејти навистина е нинџа: направи дар-мар од правосудниот систем, од моментот кога си се самокандидираше на партиските листи на двете партии, се’ до сега кога си излегува од притвор, обвинителката имплицитно ги обвинува судиите за поткуп, а тие и возвраќаат со пријава на обвинителката во МВР поради закани по СМС. Па, ова го нема ни во најлошите филмови на Холивуд!
Но, знаете зошто паѓа снегот, нели? Не за да го покрие брегот, туку за да ги открие трагите на сите мешетари. Можеби затоа Кејти е најдоброто нешто што можеше да ни се случи за да видиме дека овде не останало ништо здраво! НИШТО! Ниту се оправа, ниту се поправа. Да не се залажуваме, да не тресеме празна слама за реформи.
Ми вели еден пријател дека станарите на неговата зграда не се грижат за заедничките простории, а не пак за државата. И тоа ме потсети на онаа легенрадна песна на Балашевиќ кога пред распадот, ја спореди Југославија со солитер. И испеа дека све је отишло у лепи Хондурас!
И навистина, Југославија наскоро ја снема, или поточно потона во крв. Откако народњаците фатија се’ во свои раце. „Нашите“ народњаци се фамилијата и семејството, братучедот и братот, со казино на кичерастиот плоштад.
Е, сега , имајте убав ден – ако можете!