Статус на професорката Билјана Ванковска:
Демек, претседателската функција го спречува да се исели 😂 Вели човек кој двапати трчаше до функцијата, а кој од полициски службеник стаса до некаков професор (за кој никој не слушнал).
Логички, бидејќи само еден е носител на таа функција (и мора да е постар од 40 години), пораката е: бегајте и не се свртувајте! Но, морам да се сложам: не ја бива, деца, барајте си чаре!
Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во Нови Сад истакна дека би се иселил од својата држава доколку не би бил претседател, затоа што „никој не е луд да го троши својот живот во која со години треба да се преговара за поглавјата, а просечната плата во мојата држава е 400 евра“, јавува српската телевизија Н1.
Пендаровски истакна дека ситуацијата во регионот нема да се разликува за две години, но државите можат да просперираат само ако ги користат домашните ресурси.
-Малиот шенген е една иницјатива, но тој нема да го промени менталитетот на луѓето. За две години ќе бидеме потполно зависни од Европската унија, рече Пендаровски на четвртиот Регионален форум за млади лидери.