Со свој коментар околу распуштање на Собранието и ситуацијата во државата се огласи и професорката Билјана Ванковска.
-Со скандал се родија, со скандал се распуштија! Најлошиот и најкриминалниот парламентарен состав ќе остане запомнет во политичката и националната историја, но мора да замине во музејот на срамот,- напиша таа.
На фотографијата од Костадин Костадинов и Ферид Мухиќ, пак дава свој коментар:
Ех, Фериде, Фериде! Се’ што имаше создадено уништи кога влезе во парламент – и како влезе, така излезе! Срамно, недостојно за филозоф! Платон сигурно те немал тебе во вид кога предлагал државата да ја водат филозофите – очигледно, умот не е доволен за доблесна заедница. Треба и чест, карактер, морал…