Ванковска: Ако е вистина дека е Најчевска таму, си ја зеле белјата на врат

Статус на Билјана Ванковска:

За новата партија на Тортевски не знам ништо, за програмата уште помалку, за тоа како се позиционираат идеолошки – ич, освен очигледното:

– покрај тоа што е адвокат, Тортевски отсекогаш бил политички активен и амбициозен (од Лигата за демократија);

– има многу разочарани во ЗЗ и Шарената што ќе прифатат трета (четврта, петта?) опција;

– ако е вистина дека е Најчевска таму, си ја зеле белјата на врат (а гласачи тешко да им донесе од редот на “шутрачкиот народ”), мојот глас дефинитивно нема да го има.

– конечно, збунувачки е името на партијата. Замислете дијалог помеѓу членови на различни партии: од која партија си? Од Твојата! Името “Твоја” ми алудира на октроирана, подарена/дадена од некого. Или партија која ќе биде сечија… Тоа не е исто што и Наша, Моја … Нејсе! Нека им е со среќа!

Уште кавадарчанецот да направи партија и шоуто може да влезе во завршна фаза.

- Реклама -