Ванила торта

Ако не сте љубител на чоколадните торти еве како да си подготвите торта од ванила.

Состојки:
За тесто: 3 јајца, 3 лажици шеќер, 3 лажици брашно
За крем: 1 пудинг од ванила, 4 лажици шеќер, 5 дл. млеко, 4 листови желатин, 5 дл слатка павлака
Останато: 3 дл. млеко, 250 г. пишкоти, 2 дл. слатка павлака, шлаг пена, какао

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Испечете тесто од наведените состојки на 180 степени. Ставете го желатинот во ладна вода и нека стои 10 минути. Во млекото направете го пудингот и додадете шеќер, а кога ќе биде готов додадете го желатинот. Оладете го пудингот мешајќи за да не се создаде кора. Сматете ја павлаката и додадете ја во оладениот пудинг.

Тестото ставете го на подлога за торта. Напрскајте со млеко и ставете третина од кремот. Пишкотите потопете ги малку во млеко и ставајте ги на кремот. Врз нив ставете ја втората третина од кремот, па ред пишкоти и преку нив остатокот од кремот.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Оставете неколку часа да се стегне и олади.

Добар апетит!

- Реклама -