Упс, го сторија тоа повторно: ги прекршија парламентарните правила и процедури, го злоупотребија европското знаменце, спроведоа политички инженеринг сè додека пратениците не подлегнат на притисокот, што резултира со уште поголема поларизација, со одлив на мозоци итн., реагира на „Твитер“ холандскиот аналитичар и експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг зборувајќи за СДСМ, ДУИ, амбасадите на ЕУ и САД итн.
Опозицијата и експертите игнорирани, јавната дебата заобиколена. Луѓето сега можат да гласаат навреме, но со ова (и со разни други) македонско излизгување многумина наскоро ќе гласаат „со своите нозе“. Владеењето на правото, без оглед на тоа дали е оценето според старата или новата методологија на ЕУ, стана шега во Скопје и во опкружувањето. Mакедонија повеќе не е модел за Западен Балкан, реагираше Ван ден Берг на „Твитер“.
„Луѓето сега можат да гласаат навреме, но со ова (и со разни други) македонско излизгување многумина наскоро ќе гласаат ‘со своите нозе’. Владеењето на правото, без оглед на тоа дали е оценето според старата или новата методологија на ЕУ, стана шега во Скопје и во опкружувањето. Mакедонија повеќе не е модел за Западен Балкан“, твитна во продолжение Холанѓанецот.
Oops, they (SDSM/DUI EU/US AMB etc) did it again: bending the parliamentary rules and procedures; abusing 'EU flag'; political engineering, until MPs succumb for the pressure, resulting in more polarization, brain drain etc. Opposition & experts ignored, public debate avoided. https://t.co/qVhqBaLeYb
— Hans van den Berg (@bipdirector) February 16, 2020