Вакви мачиња не сте виделе – овие се пустински

По 4 години интензивно истражување, тимот предводен од биолозите Грегори Бретон и Александер Силва, додека навечер се враќа во својот камп во мароканскиот дел на Сахара, налетува на три пара светкави очи во темнината. Радоста им е неизмерна кога ќе сфатат што нашле.

Мачиња, ама не обични, туку диви, пустински. Научниците се убедени дека ова е прв пат да бидат документирани вакви мачки во Африка.

Пустинските мачки (sand cats) се единствениот вид мачки кои живее исклучиво во пустина. Ги има во Северна Америка, Блискиот Исток и Централна Азија. Сепак, како што потврдуваат и од самиот тим, нивното лоцирање е исклучиво тешко.

Тоа се должи на нивната извонредна способност да избегнат детекција; крзното со боја на песок ги прави речиси невидливи, а нивните крзнести шепи не оставаат траги во песокот. Патуваат само во темница, а и секогаш чистат зад себе.

Оттаму, самото тоа што тимот успеал да направи снимки е достоен повод за славје.

Инаку, не, не можете да ги чувате како домашни миленици. Освен можеби ако отидете да живеете во пустина и успеете некако магично да ги припитомите.

- Реклама -