Вашингтон, 23 август 2021 (МИА) – Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и партнерот БиоНТек денеска добија целосно одобрение за употреба од Службата за храна и лекови на САД (ФДА).
Јавните здравствени работници и експретите се надеваат дека со одобрението вакцината, претходно одобрена преку вонредни мерки, ќе се охрабри и преостанатиот дел од населението на САД кој што остана невакциниран да се вакцинира.
Одобрението од ФДА се однесува за лицата над 16 годишна возраст и е прво целосно одобрение на регулаторот. Вакцината на Фајзер e авторизирана и за деца постари од 12 години и компанијата планира да аплицира за целосно одобрение и за оваа група корисници.
Експертите укажуваат дека со ова ќе се постигне подлабока пенетрацијата на вакцината меѓу локалните и државните институции, покрај федералните кои имаат мерка за вакцинација или обврзно тестирање донесена од централната власт.
Со ова, вакцинацијата ќе се забрза и меѓу корпоративниот сектор на САД.
Многу компании, како авиопревозникот American Airlines, веќе им наложија на своите работени обврзна вакцинација. Додека компаниите како Amtrak или Facebook бараат од вработените кои влегуваат во седиштето на компанијата или оние кои се враќаат од далечинска работа во канцеларија – да бидат вакцинирани.