Ваков Фотошоп не би простил никој!

Грешките во Фотошоп стануваат секојдневие во модните магазини желни за визуелно совршенство.

Во модниот едиторијал на магазинот „Vogue“ главна улога има актерката Клер Денс која враќањето на големото платно го запечати со интервју во модната Библија. Но, еден од најпрестижните магазини во светот повторно падна на испитот за веродостојноста на фотографиите со огромна Фотошоп грешка.

Иако за снимањето е ангажирана најпознатата фотографка Ани Лебовиц, не е можно да не се забележи грешката. Клер Денс во свилен фустан од Нарцисо Родригес позира во легната позиција до Демиен Луис, додека совршениот склад на нивните тела го нарушува недостатокот на нејзината нога.

Погледнете уште бизарни Фотошоп грешки во реноминарни модни магазини

Неприродно издолжен врат на манекенката за насловната на Vogue
Неприродно издолжен врат на манекенката за насловната на Vogue
- Реклама -