Вакцина против кокаин?

Повеќе...

Следната година шпанските лекари ќе започнат со клиничките тестирања на вакцината за која се надеваат дека ќе им биде од помош на зависниците од кокаинот. 


vakcina.jpg

Следната година шпанските лекари ќе започнат со клиничките тестирања на вакцината за која се надеваат дека ќе им биде од помош на зависниците од кокаинот. 

Вакцината ќе биде тестирана на 170 доброволци во 10 болници во текот на првата половина од наредната година. Првото тестирање е извршено во 2007 година во Барселона.

"Вакцината не ја елиминира потребата од земање на кокаин, но им оневозможува на зависниците да го почувствуваат задоволството од овој порок. Инјектирањето на вакцината предизвикува поврзување на ситните молекули со молекулот на кокаинот, што пак го стимулира имунолошкиот систем да произведува антитела кои ќе ја препознаат дрогата и ќе ја спречат истата да допре до мозокот", изјави психијатарот Carlos Alvarez Vara. "Пациентите треба да не ги почувствуваат ефектите од дрогата и постануваат фрустрирани што залудно трошат пари", рекол Vara. 

Прочитајте и:  Шпанката Лаура Марин пее македонски песни
Клиничкото испитување на вакцината, која го одобрила Европската медицинска агенција, би можело да биде раширено и низ останатите европски земји.

Шпанија денес води во однос на останантите земји од ЕУ по бројот на зависници од кокаин. Само мината година помош побарале 23000 зависници, а кокаинот усмртил 800 од нив.
 
Студиите предупредуваат дека редовните конзументи на кокаинот се изложени на 24 пати поголем ризик од срцев напад од оние кои не користат. [Tests of Vaccine Against Cocaine Addiction to Begin in Spain]
- Реклама -